Замена и враќање на производи
Оваа Политика за враќање и рефундирање ја објаснува нашата практика во врска со враќањето на производи и рефундирањето на средства за купените производи од нашата веб-страница kidsandco.mk, управувана од Друштво за услуги и трговија ЛАКОНТРОЛ КОМПАНИ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје (брендот Kids&Co). Со купување на производи од нашата веб-страница, Вие се согласувате со оваа политика.
Знаеме дека купувањето детски производи често бара време за проба и одлука – затоа ви даваме голем рок и едноставна процедура.
1. Услови за враќање на производи
Прифаќаме враќање на производи под следниве услови:
- Производот мора да биде во оригиналната амбалажа, со сите етикети, ознаки и заштитни елементи, без знаци на користење.
- Производот мора да се врати во рок од 30 дена од денот на приемот на пратката.
- Облеката, обувките и текстилните производи не смеат да бидат носени, испрани или мирисот да биде променет (парфем, омекнувач). Дозволена е само проба на производот.
- Производот не смее да биде оштетен или на друг начин изменет.
- Заедно со производот мора да ја приложите фактурата (или копија од неа).
2. Процедура за враќање
Доколку сакате да вратите производ, следете ги овие чекори:
- Контактирајте нѐ преку email на contact@kidsandco.mk или на Instagram @kidsandco.mk и наведете го бројот на нарачката, името на производот и причината за враќањето.
- Ќе добиете инструкции за враќање и адреса на која треба да го испратите производот.
- Спакувајте го производот безбедно (по можност во оригинална амбалажа) и испратете го на наведената адреса заедно со фактурата.
- По приемот, нашиот тим ќе изврши проверка на состојбата на производот и ќе ве извести во рок од 3 работни дена.
3. Трошоци за враќање
Трошоците за враќање на производот се на товар на купувачот, освен ако враќањето е поради наша грешка (на пример: испратен е погрешен производ, оштетен производ при испорака, дефект на производот). Во такви случаи Лакoнтрол Компани ДООЕЛ ги покрива сите трошоци.
4. Политика за рефундирање
Откако ќе го примиме и прегледаме вратениот производ, ќе ве известиме за одобрувањето или одбивањето на рефундирањето. Ако враќањето биде одобрено, рефундирањето ќе биде обработено и средствата ќе бидат вратени на вашиот начин на плаќање во рок од 7–10 работни дена.
- Доколку плаќањето е извршено со готовина при испорака (COD), рефундирањето ќе се изврши на банкарска сметка по ваше барање и доставена сметка.
- Доколку плаќањето е извршено со картичка, средствата ќе бидат вратени на истата картичка.
- Трошоците за првобитна испорака не подлежат на рефундирање, освен во случај кога враќањето е поради наша грешка.
Промотивни пакети
За производи купени во рамки на промотивни пакет-понуди (на пр. „Купи 3 и добиј 15% попуст", „Buy 2 Get 1 Free" и слично):
- Во случај на враќање на поединечен производ од пакетот, попустот на пакетот се поништува и останатите производи кои ги задржувате ќе се пресметаат по редовна (непромотивна) цена.
- За рефундација на трансакциска сметка, од редовната цена на производите кои ги враќате ќе се одбие вкупниот износ на одобрениот попуст од пакетот, а остатокот ќе биде рефундиран.
- Доколку сакате да ја задржите целосната вредност (со попуст) за производот што го враќате, можете да изберете рефундација во форма на Store Credit (купон за идна нарачка).
5. Замени
Ако сакате да замените производ (на пр. поголем број на обувки, друга боја, друг модел), следете ги овие чекори:
- Контактирајте нѐ на email contact@kidsandco.mk или на Instagram @kidsandco.mk и наведете го бројот на нарачката, името на производот и со кој производ/величина сакате да го замените.
- Ќе добиете инструкции за враќање и адреса.
- Испратете го производот заедно со фактурата.
- Откако ќе го примиме оригиналниот производ и ќе провериме дека е во ред, ќе ви го испратиме новиот производ.
Замената е возможна во рок од 30 дена од приемот на пратката, под истите услови како за враќање (точка 1).
При замена со производ од промотивен пакет, се пресметува цената која сте ја платиле за секој производ поединечно (со вклучен попуст).
6. Трошоци за замена
Трошоците за враќање на оригиналниот производ за замена се на товар на купувачот. Трошокот за повторна испорака на новиот производ исто така го сноси купувачот, освен ако замената е поради наша грешка (испратен погрешен производ, оштетен производ или дефект).
7. Исклучоци – производи кои не можат да се вратат
Поради карактерот на одредени детски производи, следните не подлежат на враќање или замена освен во случај на дефект:
- Производи кои се лично хигиенски и здравствено осетливи (цуцли, шишиња по отворање, четкички за заби, бели бебешки гаќички, бебешка долна облека, креми и козметика по отворање).
- Производи кои се персонализирани (со име, иницијали или други персонализирани детали по нарачка на купувачот).
- Производи изработени по нарачка.
- Подароци-ваучери (gift cards).
- Производи од распродажба (final sale) кои се означени како такви.
8. Производи со фабрички дефект
Доколку добиете производ со фабрички дефект, контактирајте нѐ во рок од 7 дена од приемот, со фотографии на дефектот. Во овој случај Лакoнтрол Компани ДООЕЛ ги покрива сите трошоци за враќање и замена, или дава целосен поврат на средствата според желбата на купувачот.
9. Контакт информации
Ако имате прашања во врска со оваа Политика за враќање и рефундирање, ве молиме контактирајте нѐ:
ЛАКОНТРОЛ КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје
Булевар Јане Сандански бр. 58-2/9, Скопје – Аеродром
ЕМБС: 6842771 | ЕДБ: 4032013520058
Email: contact@kidsandco.mk
Телефон: 070 340 786
Instagram: @kidsandco.mk
Целата комуникација се одвива писмено, преку email или социјални медиуми, за понатамошна евиденција.
Со купување на производи од нашата веб-страница, Вие се согласувате со оваа Политика за враќање и рефундирање.