Преминувањето на цврста храна е голем момент во развојот на вашето бебе. Исто така претставува и предизвик за родителите, кога да почнат, на кој начин, што да понудат за јадење и други различни грижи и стравови. Ќе ви помогнеме да одлучите кога е вистинското време за започнување на дохрана, што ви е потребно, целиот метод на самостојно јадење (blw), што да очекувате и кои се бенефитите и предностите. Kids&Co заедно со Катерина Галиќ (@majkatakata) организира обука за прв пат со физичко присуство и ограничен број на мајки на 20.03.2023. Дојдете и придружете ни се за заедно да стекнуваме здрави навики!

Што да очекувате?

ЈадемеЗаедно е обука која за прв пат ќе се одржи со физичко присуство и ќе биде интерактивна се со цел да ви бидат одговорени сите прашања кои ги имате околу овој пристап на дохрана. Покрај одлична дружба, позитивна атмосфера, супер кафе, ќе си заминете и самоуверени, полни со нови информации и подготвени за создавање здрави навики не само за вашето малечко туку и за целото семејство!

Што ќе научите?

Ќе научите сé околу baby led weaning методата на исхрана, односно кога се започнува, како се послужува храната, алергени, користење на прибор, чаша, што ви е потребно за овој процес, како да постапите во одредени ситуации, кои се предностите на овој тип на дохрана во споредба со традиционалниот. И секако најчесто поставуваното прашање околу гушењето.

За кого е оваа обука?

Оваа обука е наменета за сите мајки кои се подготвуваат за започнување на воведување на цврста храна, чии бебиња се 4,5 или пак 6 месеци, меѓутоа и за оние мајки чии бебиња се поголеми (8+ месеци) и се хранат на традиционалниот начин, а сакаат да преминат на blw методата. 

Цената на обуката изнесува 5.500 денари, а добивате:

  • Производи од Kids&Co
  • Интерактивна обука со стручна и обемна содржина од страна на сертифициран инструктор - Катерина Галиќ (@majkatakata)
  • Практични примери 
  • Лични искуства од мајки чии деца се хранат по овој метод 
  • Кафе и загарантирана одлична дружба 😊  
  • Мала група
РЕГИСТРИРАЈ СЕ

*Бебињата се секогаш добредојдени и разбираме дека некогаш имаат потреба од вас, но не грижете се тука сме ние да се погрижиме да не пропуштите нешто. 

Доколку сте заинтересирани за обуката или пак Ви требаат дополнителни информации како и информации за вршење на уплата, Ве молиме контактирајте нé на:

Емаил: contact@kidsandco.mk

Напомена: Сакаме да Ви напоменеме дека заради озвозможување на квалитетна организација како и тек на самата обука бројот на учесници е ограничен. Учеството во обуката е загарантирано само по извршена уплата.