gamarde
Gamarde Линимент - 400 ml
Состав:
Aqua (Water), Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, pentylene glycol, polyglyceryl-2 dipolyhydroxystearate, Gamarde aqua (Gamarde Water), Olea europaea (Olive) fruit oil*, calcium hydroxide.
*состоки од органско потекло
100% од состојките се од природно потекло
20% од состојките се органско потекло
ОПИС
Хипоалерген, дерматолошки тестиран производ без мирис и алкохол, специјално дизајниран за секојдневна нега на кожата на децата и бебињата. Се користи уште од првиот ден на раѓање на бебето. Ова благо млеко за обновување на липидите, збогатено со органско маслиново масло, ја штити и смирува кожата, спречува појава на осип на пеленската регија на бебето и длабоко ја негува кожата/
СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА:
Се нанесува на чиста и сува кожа и не се измива. Неопходно е добро да се протресе пред употреба. Погодно за употреба од првиот ден на раѓањето на бебето. Не го користете на иритирана кожа.
НАМЕНА:
Линиментот претставува млеко богато со органско маслиново масло кое се користи за нега на бебешката кожа, уште од самото раѓање.
Се препорачува да се земе и на самото пораѓање затоа што е совршено за нега на нежната бебешка кожа, а особено на пеленската регија од урина и првата столица - мекониум.
Линиментот е базиран на органско сончогледово и маслиново масло, како и Гамарде термалната вода кои се особено благодетни за нега на кожата.
Наменет е за нега кожата кај бебињата и децата. Го одржува балансот на липидите на деликатната кожа на бебето, зајакнувајќи ја неговата природна заштитна функција. Благодарение на уникатниот состав базиран на липиди, органско маслиново и органско сончогледово масло, спречува појава на црвенило и иритации дури и на најосетливата кожа.
Линиментот доаѓа во големо пакување од 400ml и можат да го користат сите членови во домот, а особено за:
- чистење на бебешката кожа - се нанесува на памук и со него се пребришува кожата
- нега на бебешката кожа - како млеко за тело
- нега и спречување на осип на пеленска регија
- отстранување на теменица на главата на бебето
- за нега на сува и кожа склона кон егзема и атопичен дерматит кај деца и возрасни
- за жени за вадење шминка