kidsandco.mk
Новогодишен календар - Магичен декември (Kids&Co)
Couldn't load pickup availability
ОВОЈ ПРОИЗВОД Е ЗА ПРЕД-НАРАЧКА.
Готовите календари ќе бидат испратени најдоцна до 28ми ноември.
Ви го преставуваме нашиот прв Новогодишен календар - Магичен декември. Рачна изработка со оригинални сопствени илустрации.
За да ја направиме оваа новогодишна авантура уште помагична, оваа година изработивме ѕиден календар со 31 џеб за секој ден од месец декември. Дозволете ни да ви го направиме одбројувањето до Новата година уште позабавно. Џебовите треба да се пополнат со мали изненадувања кои го прават секој ден посебен, додека одбројуваме до Новата година и доаѓањето на Дедо Мраз.
Доколку сакате вашите деца дополнително да ја почувстуваат магијата која што овој период ја носи топло ви го препорачуваме овој календар кој што се надеваме ќе стане дел од вашата семејна новогодишна традиција и во наредните години.
Бонус со календарот следуваат 10 картички со семејни активности за уште поубави празници.
Овој новогодишен календар е рачна изработка и е изработен од 100% памучен кепер.
Забелешка: Календарот следува празен. Играчките и подароците не се дел од истиот.
Materials
Materials
Dimensions
Dimensions
Care information
Care information


