Skip to product information
1 of 3

BabyBjörn

BabyBjörn One Air - Ергономска носилка за бебе

Regular price ден 13,000.00 MKD
Regular price Sale price ден 13,000.00 MKD
Sale Sold out
Tax included. Shipping calculated at checkout.

3D mesh (100% полиестер) е мек, дишечки high-tech материјал кој овозможува пријатно чувство на свежина додека го носите бебето. Текстурата на 3D mesh материјалот овозможува поголема блискост помеѓу вас и бебето, а висококвалитетната ткаенина овозможува носилката брзо да се суши по перење и да ја задржи својата форма и по многу перења. Поддршката за позицијата на нозете е изработена од мек и потпирачки материјал, а внатрешната постава е од мека ткаенина (100% полиестер).

0–3 години
3.5–15 кг, 53–100цм
Четири позиции за носење
Ергономска за вас и вашето бебе
Прилагодлива за повеќето корисници, од XS до XXL

Сите материјали кои доаѓаат во контакт со кожата на вашето дете ги исполнуваат барањата на OEKO-TEX Standard 100, Ö 07-091, RISE, Class 1 за бебешки производи. Тоа значи дека се нежни кон кожата на вашето бебе и безбедни доколку бебето ги допира со уста. Затоа, нема потреба да ја перете носилката пред првата употреба.

Уникатни материјали развиени за BabyBjörn

Бидејќи материјалите се многу важен дел од нашите текстилни производи, поголемиот дел од ткаенините ги развиваме самите. На тој начин обезбедуваме висок и конзистентен квалитет и гарантираме дека материјалите ги поседуваат уникатните својства што ги бараме.

Може ли носилката да се пере во машина?
Да, многу лесно се одржува – едноставно се пере во машина на 40°C. Иако носилката е издржлива и може често да се пере, сепак ајде да придонесеме за зачувување на животната средина: користете пониски температури и избегнувајте непотребно често перење. За помали дамки, најчесто е доволно само да се избрише со влажна крпа. Дополнително, нашите производи не содржат штетни супстанции, па нема потреба да се перат пред првата употреба.

Нашите материјали се многу лесни за одржување – може да се перат во машина, брзо се сушат и ја задржуваат својата форма и боја. Иако материјалите издржуваат често перење, сепак препорачуваме пониски температури и избегнување на непотребно перење, со цел да се намали влијанието врз животната средина. Користете вреќичка за перење за да се намали испуштањето на микропластични влакна во околината. Користете еколошки детергент без белило и избегнувајте омекнувач. Не се суши во машина и не се пегла. За помали дамки, најчесто е доволно само пребришување со влажна крпа. Исто така, производите не содржат штетни супстанции, па нема потреба од перење пред првата употреба.

Materials

Dimensions

Care information

EMPTY DOM REMOVE PROTECTOR
EMPTY DOM REMOVE PROTECTOR