{"product_id":"жените-што-трчаат-со-волците-copy","title":"Mindset","description":"\u003cp\u003e\u003cspan\u003eВо секоја жена има диво и природно суштество, моќна сила исполнета со добри инстинкти, страсна креативност и безвремено знаење. Името ѝ е Дивата Жена, но таа е загрозен вид. Иако се раѓаме со дарбите на дивата природа, обидот на општеството да нè „цивилизира“ во крути улоги го грабнал ова богатство и ги замолчел длабоките, животворни пораки на нашите сопствени души. Без Дивата Жена, стануваме премногу припитомени, страшливи, некреативни, заробени.\u003c\/span\u003e\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003e\u003cspan\u003e„Жените што трчаат со волците: митови и приказни за архетипот на Дивата Жена“ (1992) се смета за еден од класиците на феминизмот. Тоа е дело што функционира како хибрид на феминистичка антропологија, етнологија и психоанализа. Во него авторката користи богати интеркултурни митови, бајки и приказни, со цел да им помогне на жените повторно да се поврзат со својата инстинктивна природа. Преку приказните и коментарите на авторката се истражува, се анализира и се објаснува митот за Дивата Жена и се создава нов лексикон за опишување на женската психа. Авторката верува дека здравјето, среќата и целоста на жената зависат од нејзиното враќање кон изворите на нејзината потисната природа, и ова го објаснува врз основа на интерпретација на значењето на некои традиционални приказни од северноамериканскиот, јужноамериканскиот и од европскиот фолклор.\u003cbr\u003e\u003c\/span\u003e\u003cspan\u003eВо книгата има шеснаесет поглавја, секое посветено на некој особен аспект на женското искуство – врските, креативноста, лутината, спиритуалноста, припаѓањето итн. Во поговорот, авторката зборува и за терапевтската функција на приказните, надоврзувајќи се така и на традиционалните начини на прекугенерациско пренесување на женската историја и искуство.\u003c\/span\u003e\u003c\/p\u003e","brand":"antolog","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":45413616025753,"sku":null,"price":650.0,"currency_code":"MKD","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0250\/0627\/6698\/files\/mindset_2dla.png?v=1747998729","url":"https:\/\/kidsandco.mk\/en\/products\/%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%88%d1%82%d0%be-%d1%82%d1%80%d1%87%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d1%81%d0%be-%d0%b2%d0%be%d0%bb%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b5-copy","provider":"kidsandco.mk","version":"1.0","type":"link"}