antolog Mindset

antolog Mindset

ден 650.00
Sale price  ден 650.00 Regular price 
Skip to product information
antolog Mindset

antolog Mindset

ден 650.00
Sale price  ден 650.00 Regular price 
Taxes included. Shipping calculated at checkout.

Бесплатна достава над 3.000 ден.

30 дена враќање

Плаќање по приемот

Премиум квалитет

Опис на производот

Во секоја жена има диво и природно суштество, моќна сила исполнета со добри инстинкти, страсна креативност и безвремено знаење. Името ѝ е Дивата Жена, но таа е загрозен вид. Иако се раѓаме со дарбите на дивата природа, обидот на општеството да нè „цивилизира“ во крути улоги го грабнал ова богатство и ги замолчел длабоките, животворни пораки на нашите сопствени души. Без Дивата Жена, стануваме премногу припитомени, страшливи, некреативни, заробени.

„Жените што трчаат со волците: митови и приказни за архетипот на Дивата Жена“ (1992) се смета за еден од класиците на феминизмот. Тоа е дело што функционира како хибрид на феминистичка антропологија, етнологија и психоанализа. Во него авторката користи богати интеркултурни митови, бајки и приказни, со цел да им помогне на жените повторно да се поврзат со својата инстинктивна природа. Преку приказните и коментарите на авторката се истражува, се анализира и се објаснува митот за Дивата Жена и се создава нов лексикон за опишување на женската психа. Авторката верува дека здравјето, среќата и целоста на жената зависат од нејзиното враќање кон изворите на нејзината потисната природа, и ова го објаснува врз основа на интерпретација на значењето на некои традиционални приказни од северноамериканскиот, јужноамериканскиот и од европскиот фолклор.
Во книгата има шеснаесет поглавја, секое посветено на некој особен аспект на женското искуство – врските, креативноста, лутината, спиритуалноста, припаѓањето итн. Во поговорот, авторката зборува и за терапевтската функција на приказните, надоврзувајќи се така и на традиционалните начини на прекугенерациско пренесување на женската историја и искуство.

Материјал и одржување
Достава и враќање на производи

Достава: Вашата нарачка ќе биде доставена на вашата адреса во рок од неколку работни дена.
Враќање: Можете да го вратите производот во рок од 30 дена од купувањето, доколку е неупотребен и во оригиналното пакување.

You might also like...